Како гром од ведро небо, наеднаш одекна дека Давид Луиз од Челси се сели во Арсенал. Трансферот се случи во последниот ден од преодниот рок во Англија.
Давид Луиз сега објаснува зошто си замина од Челси, клубот во кој беше среќен.
„Јас сум момче со амбиција и затоа се преселив. Сакам нов предизвик, нови работи во мојот живот“, вели Давид Луиз.
„Тоа ми дава кислород и ми дава мотивација за навистина да уживам во моментите“.
„Можев да изберам комфорна зона, да добијам пари и да бидам кул и тоа е тоа“.
Главната причина поради која Давид Луиз замина од Челси е Лампард. Погледите на двајцата за новата сезона не се совпаѓале.
„Сите знаат дека бев многу среќен во Челси и освоив многу трофеи таму. Имав навистина искрен разговор со Лампард и неговите идеи за сезоната се различни од моите“.
„Па најдобар начин според мене да го испочитувам клубот каде бев, беше да заминам и да се обидам со нов предизвик со што него ќе му дадам можност да си ја работи својата работа“.
„Мојата филозофија во животот е да бидам позитивен и да бидам сонувач. Важно ми е да сум здрав и можам да сонувам и ние (Арсенал) можеме да се бориме за нешто големо“.