Дортмунд прими гол по 30 секунди, па ја наполни мрежата на Аугсбург до врв (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Милионерите“ ја
наполнија мрежата на Аугсбург во првото коло од Бундеслигата. Гостите одлично
го отворија мечот на Сингл Идуна Парк и поведоа по 30 секунди игра преку
Нидерлехнер.

Но Дортнунд веднаш
се врати во игра, преку Алкасер изедначи на 1-1 во 3. минута. Иако брзо паднаа
два погодока за следниот се чекаше дури до стартот на вториот дел.

Санчо искористи
една лоша интервенција на голманот на Аугсбург и погоди за 2-1. Голманот на
гостите на дужа го носи и третиот гол на домаќините откако испушти од рака една
топка а Ројс реализираше за 3-1.

Во 59. минута од
мечот Алкасер го постигна својот втор гол со удар од врвот на шеснаесетникот, а
конечниот резултат беше поставен во 82. минута кога новајлијата во тимот, Бранд
се запиша во листата на стрелците.

Возбудлив меч со
пет гола одиграа Баер Леверкузен и Падерборн, домаќините славеа со 3-2.
Фрајбург со 3-0 го совлада Маинц, Фортуна Дизелдорф со 3-1 триумфираше на
гостувањето кај Вердер Бремен а Волфзбург пред своите фанови со 2-1 ја доби
пресметката со Келн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×