Арсенал прв пат по 10 години има два од два на стартот, Себаљос импресионираше во триумфот над Барнли (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По победата над
Њукасл на отварањето од новата сезона, Арсенал попладнево славеше и против
Барнли, па за прв пат по 10 години, „топчиите“ имаат два од два на стартот.

Лаказет го отвори
резултатот во 13. минута, но пред крајот на првиот дел една топка случајно
дојде до Барнс, кој од пет мeтри изедначи на 1-1.

Сепак, Обамејанг
се погрижи трите бода да останат на „Емирати“ во продолжението од мечот.
Одлична партија пружи и новото засилување Дани Себаљос, кој имаше неколку добри
потези и доби стоечки овации кога беше заменет.

Токму неговата
пресечна топка заврши во нозете на Обамејанг при акцијата кога падна голот
вреден победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×