132
По една година откако го напушти Јувентус и се пресели во ПСЖ, Буфон би можел да се врати во клубот каде што помина најголем дел од кариерата.
„Скај Спорт Италија“ објавува дека преговорите меѓу Буфон и Јувентус се во напредна фаза.
Планот е Буфон да брани уште една сезона по што ќе објави крај на кариерата, а потоа да биде дел од стручниот штаб на Маурицио Сари или да добие некоја директорска позиција во клубот.
„Засега ова е само идеја“, потврди неговиот агент, Силвано Мартина.
Откако го напушти ПСЖ, Буфон се поврзуваше со Порто, Парма, Бреша, Аталанта и Лидс, но се чини дека поголеми се шансите тој да се врати во Јувентус.