Њукасл е во
потрага на нов тренер откако не пронајде договор со Рафа Бенитез за
продолжување на соработката. Неколку имиња веднаш беа поврзани со тренерското
столче на Сент Џејмс Парк, и едно од нив беше она на Жозе Мурињо.
Сепак, „специјалниот“ сам се отпиша од трката. Иако интервјуто за „Д коучес
војс“ е дадено пред да биде соопштено дека Рафа Бенитез заминува, јасно е дека
„специјалниот“ не е заинтересиран за проектот на Њукасл.
„Во моментов знам
само што не сакам. Кристално јасно е што не сакам. Јас сум доста патолошки во смисла
на тоа дека морам да играм за да победувам. Друга работа е дали ќе победам или
нема. Ако не победам, тогаш тоа е мој проблем, проблем на играчите и на клубот.
Но потребен ми е проект каде ќе чувствувам дека можам да победувам“ – вели Жозе
Мурињо.
„Доколку некој ми
даде прекрасен 10 годишен договор и целта на тимот е да биде во горниот дел на
табелата, или финиши на седмото, осмото или деветото место да се смета за
перфектно завршена работа… тогаш тоа не е за мене. Морам да се борам за
триумф во следниот клуб кој ќе го одберам“.