81
Бразил и Аргентина би можеле да се сретнат во полуфиналето од Копа Америка, па на новинарите им беше интересно тоа што Кутињо и Меси ќе играат еден против друг.
„Имаме ВатсАп група на тимот и таму сите му честитавме роденден на Меси како што правиме и кога на било кој друг му е роденден“, објаснува Кутињо.
„Комуницираме таму. За мене е задоволство да играм покрај него. Меси е многу смирен дечко надвор од теренот и ми помогна многу“.
Кутињо беше запрашан дали Нејмар е се уште во ВатсАп групата.
„Не. Нема многу дискусии во групата периодов, само се честитаат родендени. Не сме зборувале за Нејмар“.