Нејмар се
откажува од 14 милиони евра по сезона за повторно да го облече дресот на
Барселона, ова го пренесе денешното издание на МД.
Пред неколку дена
беше објавено дека „каталонците“ му поставили три услови на Бразилецот и еден
од нив е помала плата. Во моментов напаѓачот има примања од 36 милиони евра во
ПСЖ, бројка која Барса не помислува да ја одвои.
Но за да има насмевката на лицето и повторно да биде среќен, Нејмар се сложил да се
врати на старата плата која ја имал на Камп Ноу пред да го направи рекордниот
трансфер во Париз, и прифатил да заработува 22 милиони евра по сезона.
Во меѓувреме,
весникот Спорт пренесе дека Нејмар им испратил порака на своите поранешни
соиграчи од Барселона. кои сакале да знаат повеќе за преговорите и можниот трансфер.
„Не грижете се,
доаѓам“ – гласела пораката на Ватс ап.