Маурицио Сари
оваа недела беше именуван за нов тренер на Јувентус и стратегот веднаш се фати
за работа. Во придружба на спортскиот директор Фабио Паратичи, тој синоќа
отпатува на француската ривиера за да се сретне со првата ѕвезда на тимот,
Кристијано Роналдо.
На состанокот,
Маурицио Сари ја објаснил неговата идеа за фудбал и тактичките замисли кои
планира да ги имлементира следната сезона. Стратегот сака да го направи ЦР7 прв
стрелец во Калчото па има нова улога за него во врвот на нападот. Португалецот
ќе треба да оперира поблиску до голот и во шеснаесетникот и на тој начин да
стигне до бројката од 40 погодока (забележа 28 гола во сите натпреварувања во
својата прва сезона во Јувентус).
Формацииите кои
ќе се користат ќе бидат 4-3-3 или 4-3-1-2. Даглас Коста и Федерико Бернардески
ќе бидат задолжени да пробиваат по крилните позиции и да го хранат со топки
Кристијано Роналдо.
Ова не е прв пат
некој да му понуди ваква улога на ЦР7, Рафа Бенитез уште пред неколку години го
промовираше Португалецот во врвот на нападот на Реал Мадрид, но тогаш на Португалецот
не му се допадна многу ваквата промена.
Иако нема многу
детали за тоа што му кажал Кристијано Роналдо на Маурицио Сари, одредени извори
велат дека играчот ги објаснил своите гледишта и посочил дека повеќе преферира
да се уфрла во шеснаесетникот од втор план и некој да му отвара простор,
отколку да биде сместен во казнениот простор цело време.
ЦР7 сепак многу го
ценел потегот на Маурицио Сари и тоа што стратегот дошол лично да разговараат. Двајцата ќе имаат
нова средба за неколку недели за подобро да разберат кое е најдоброто решение
за тимот.