76
Холандскиот весник „Де Телеграф“ пишува дека Де Лихт одлучил да се пресели во Јувентус.
Тој ги одби Барселона и ПСЖ со кој долго време се поврзуваше и ќе потпише петгодишен договор со Јувентус.
Неговата годишна плата ќе биде помеѓу 15 и 20 милиони евра по сезона со што ќе биде втор најплатен играч во Серија А, прв е Роналдо со 30 милиони годишно. Јувентус на Ајакс ќе му плати околу 70 милиони евра.
„Скај Италија“ пишува дека клуч за овој трансфер е Адриен Рабио. Тој ќе му се приклучи на Јувентус како слободен играч, а шампионот со негов ангажман го комплетира средниот ред, па парите наместо за враќање на Погба ќе ги инвестираат во ангажман на Де Лихт.