Нејмар се испокарал со сите и нема намера да се врати во Париз, Барселона со понуда до ПСЖ од 100 милиони плус Филипе Кутињо

by
2 минути читање

Се чини дека деновите
на Нејмар на „Паркот на принцовите“ се избројани. Вестите за трансфер не се нови, уште во првите месеци од
неговата авантура во Париз се говореше за брза разделба, но за разлика од
минатото, кога „светците“ категорично демантираа, се чини дека тие сега се
подготвени за продажба.

Последните
информации велат дека Бразилецот се испокарал со сите во ПСЖ и нема намера да
се врати во Париз ова лето за стартот на подготовките за новата сезона и
турнеата во Кина.

Неговата цел е одново да го облече дресот на Барселона и шампионот на Шпанија веќе работи на една ваква зделка. Односите
помеѓу двата клуба не се најдобри, па во моментов, преговорите се водат преку
посредници.

ПСЖ бара 300
милиони евра за Нејмар, сума која Барса не помислува да ја плати. Но
„каталонците“ имаат неколку асови во ракавот, и еден од нив е Филипе Кутињо. Според пишувањата
на Спорт, понудата на клубот од Камп Ноу е 100 милиони евра плус услугите на
Филипе Кутињо.

Самуел Умтити и
Иван Ракитиќ исто така се споменуваат како алтернативи кои ПСЖ може да ги
разгледа, но секој вклучен играч дополнително ќе ја намали сумата која ќе биде
платена.

Сега останува да
видиме каков прогрес ќе бележат преговорите. Спорт повикувајќи се на извори блиски до преговорите додава дека има
позитивно чувство дека двете страни ќе пронајдат „дил“ со кој сите ќе бидат
задоволни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани