Шефот на стручниот
штаб на холандски Ајакс, Ерик тен Хаг потпиша нов тригодишен договор со клубот
од Амстердам откако претходно стигна до титулата во домашниот шампионат, како и
купот во тоа натпреварување.
Ајакс беше
најпријатното изненадување во Лигата на шампионите откако стигна до
полуфиналето, меѓутоа беше сопрен од Тотнем, претходно на колена пред младиот и
доста перспективен тим падна бранителот на европскиот трофеј Реал Мадрид, како
и веројатно најголемиот фаворит Јувентус.
Тен Хаг инаку
беше назначен за тренер на Ајакс во 2017. година, ја освои првата титула во
Холандија за тој клуб по последната во 2014. година, и тоа во неговата
дебитантска сезона.
49 годишниот
фудбалски стратег посочи дека со неговите избраници имале неверојатна година и
сега сака да продолжи по таа патека.
„Имавме
неверојатна година зад нас, сега сакам да продолжиме по таа патека, резултатите
кои ги постигнавме беа фантастични, ќе биде ѓаволски тешко да се повтори сето
тоа, меѓутоа, ќе ги поставиме нашите цели за во иднина и повторно ќе одиме на
големи резултати“ рече Тен Хаг.