Сари го презеде
кормилото на Јувентус, најавите се остварија, а во Наполи стана најомразената
личност со оглед на фактот што пред Челси го предводеше италијанскиот
вицепрвак.
Во Италија не се
штедат многу на своите коментари во однос на овие прашања, па така Наполи на
својот официјален „Твитер“ профил објави видео под наслов „Добредојдовте назад во Италија г-дине Сари!“ со пораки на навивачи на тој
клуб до Сари…
Едни му посакаа
да го надмине рекордот на Наполи од 91 бод во Серија А, но, завршувајќи на
второто место, други да ја освои Лига Европа, останатите ‘желби’ беа со малерозниот број „13“ и „17“, а некои пак со предмет на рог му
ја посакаа ‘сета среќа’ што ја имаат, секако со голема доза на
иронија, мислејќи на се’ обратно.
Како и да е,
видеото во режија на италијанскиот вицепрвак е генијално, вреди да се погледне,
а тоа што е сигурно, дефинитивно ќе ве насмее…
class="twitter-tweet" data-lang="en">