Тешки обвинувања кон Караско од негов соиграч: Добиваш суспензии за да одиш во Европа, на тренинзите стоиш во место

by
2 минути читање

25 годишниот
офанзивец Јаник Караско беше означен како еден од фудбалерите со голем
потенцијал во Европа, но, екс членот на Атлетико Мадрид се реши кариерата да ја
продолжи на Далечниот Исток откако лани потпиша за Далиан, а трансферот беше во
пакет заедно со неговиот дотогашен соиграч од редовите на „Јорганџиите“,
Николас Гаитан.

Белгиецот се
шпекулира дека би можел да се врати во Европа по една ипол година во кинескиот
суперлигаш, а на Островот тамошните медиуми пишуваат дека Арсенал е добро
загреан за неговите услуги, сепак, Караско очигледно дека не го бие добар глас
во соблекувалната на Далиан, за што сведочат коментарите на голманот на таа
екипа, Ју Зикиан.

Ти си ѕвезда,
играш добро, меѓутоа не можеш да добиеш натпревар играјќи сам
“ рече Зикиан на
кинеската социјална мрежа „Веибо“.

Кога игравме
против Шангај Гренланд Шенхуа, ти доби четврти жолт картон во сезоната, а со
тоа по автоматизам се здоби и со суспензија за да го избегнеш мечот со Шангај
СИПГ, потоа веднаш отпатува во Европа вон предвиденото
“ додаде тој.

Кога игравме
против Хебеј Кина Фортјун, му рече на клубот дека твојот авион задоцнил,
доколку се вратеше еден ден претходно, дали ќе се случеше тоа?
“ запраша голманот
кој потоа го коментираше и однесувањето на Белгиецот за време на тренинзите во
клубот.

Сега повторно си
тука, но, дури не се ни помрднуваш на тренинзите. Кога играме
тренинг-натпревари ти само стоиш настрана на теренот, ниту напаѓаш, ниту се
браниш
“ заклучи Зикиан кој вели дека атмосферата во тимот е целосно уништена по
однесувањето на Караско.

Караско одигра
десет меча во кинеската Суперлига сезонава, постигнувајќи седум погодоци,
клубот за кој настапува во моментов е во сопствеништво на деловен партнер на „Ванда
групацијата“, која пак е во Атлетико Мадрид, при преселбата во тој клуб самиот
Белгиец посочи дека идеите на клубот се мотив плус за него да направи трансфер
во Далиан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани