„Колчонероси“
попладнево соопштија дека го ангажираше Маркос Љоренте. 24 годишниот Шпанец
пристигнува од локалниот ривал Реал Мадрид. Детели не беа откриени, но
медиумите пренесуваат дека трансферот е вреден 40 милиони евра.
Фудбалерот не е
во плановите на Зинедин Зидан, но затоа пак се вклопува во замислите на Диего
Симеоне и ќе треба да го пополни местото на Родри, кој наскоро ќе се пресели во
Манчстер Сити за 70 милиони евра.
Маркос Љоренте е
голем борец од средниот ред, кога во сезоната 2016/17 беше на позајмица во
Алавес, беше играчот со најмногу освоени топки во првенството на Шпанија, дури
303. Има одлични физички предиспозиции а знае и да игра со топка, па се очекува
перфектно да се адаптира во стилот на Чоло и Атлетико.
Тој ќе стави
потпис на петгодишен договор и ќе биде првиот играч кој по 13 години директно
од Бернабеу завршува во Атлетико. Последен кој го заменил Реал со лутиот
градски ривал е Хосе Мануел Хурадо во 2006.