13. јуни беше
голем ден за Еден Азар. Фудбалерот никогаш не криел дека уште како дете сонува
да го облече дресот на Реал Мадрид и желбата конечно му се исполни. Овој месец
„кралевите“ и Челси си подадоа рака па Белгиецот вечера беше промовиран како
ново засилување.
За презентацијата
во свечената ложа на Сантијаго Бернабеу тој се појави стокмен во одело, а
носеше и луксузен часовник од Ришар Мил. Се работи за моделот РМ 016, изработен
од 18. картно бело злато и дијаманти. Цената се движи од 60.000 до 90.000 евра
според различни специјализирани сајтови (некои коментари велат и многу повеќе),
но на медиумите од Шпанија очигледно не им бега ништо, па тие забележаа еден
интересен детал.
Во бројката 7,
каде што стои датумот, покажуваше дека е 8. јуни а не 13. јуни. Па или
часовникот не работи како треба, или Еден Азар заборавил да го намести.
Hazard se presentó con un reloj valorado en… ¡68.000 euros! https://t.co/bdCrHmXday
— MARCA (@marca) June 13, 2019