Реал Мадрид има моќен старт на летниот преоден рок, Јовиќ беше промовиран, денеска треба да има промоција и Азар, а синоќа беше потврден и трансферот на Менди. Претходно потпишаа Родриго и Милитао.
Флорентино Перез нема да запре тука, му треба еден играч од средниот ред, Кристијан Ериксен или Пол Погба.
„Мирор“ тврди дека Реал Мадрид преговара со Манчестер јунајтед за Погба е е подготвен да даде 135 милиони фунти, тоа е 151,6 милиони евра.
Но таа понуда не е прифатлива за англискиот клуб, кој ќе го пушти Погба само за 150 милиони фунти, односно 168,5 милиони евра. Разликата е 16,9 милиони евра.
Погба играше променливо во Манчестер јунајтед, имаше импресивни партии, но и многу лоши. Често се пишува за негово заминување од Олд Трафорд, а опција е и враќање во Јувентус.