„Кралевите“ за
новата сезона веќе потрошија над 300 милиони евра, откако набрзина договорија четирија засилувања,
Еден Азар, Лука Јовиќ, Едер Милитао и Ферлан Менди, а од поодамна е капирисан и
перспективниот Родриго.
Се верува дека
Пол Погба е последното парче од сложувалката на Зинедин Зидан, но не се
исклучува можноста и за спектакуларен трансфер на Килијан Мбапе.
Според „Ел
Конфиденсиал“, таткото на напаѓачот, Вилфред ја известил управата на Реал
Мадрид дека неговиот син заминува од ПСЖ. Тие се решиле на еден ваков потег
поради тоа што Нејмар добива специјален третман, а биле нарушени и односите
помеѓу Килијан и тренерот Томас Тухел.
Тој му кажал на
Флорентино Перез дека може да го купи Килијан Мбапе за 230 милиони евра. Првиот
човек на Реал без проблем ќе ја плати оваа сума, но има две пречки.
Флорентино Перез
има одличен однос со Шеикот и Парижани, двата клуба имаат и пакт да не се користи агрисивен пристап, па „кралевите“ ќе
тргнат во офанзива само доколку ПСЖ каже дека Килијан Мбапе е ставен на
трансфер пазарот. Во моментов „светците“ не сакаат да слушнат за продажба на
Французинот.
Втор проблем е
договорот на Килијан Мбапе со Најк. Се верува дека во него има клаузула според која
играчот не смее да направи трансфер во клуб кој носи дрес од конкурентска
компанија како Адидас и токму германскиот бренд е главен спонзор на Реал и
неодамна потпишаа нов рекорден договор.