Да се облече
дресот на „кралевите“е сон на многу деца и многу фудбалери. Ова лето конечно му
се исполни желбата на Еден Азар да заигра за Реал Мадрид, а прилика која не се
укажува често добија и Лука Јовиќ, Едер Милитао и Ферлан Менди.
Приказната на
левиот бек е особено инспиративна. Тој на 14 години заработил повреда на
колкот која придонела до артритис, па Ферлан Менди шест месеци поминал во
инвалидска количка.
Французинот потоа
одново учел како да оди, а лекарите му кажале дека никогаш повеќе нема да игра
фудбал. Но Ферлан Менди докажа дека чуда се случуваат. Фудбалерот продолжил по
својот пат, кој бил значително потежок по долгата пауза, зошто одново требал да учи како се игра фудбал и акедемијата на ПСЖ ја
заменил со клуб од четвртата лига.
Наградата за
напорната работа доаѓа во 2013, кога Ле Авр го препознава неговиот талент и
перспективност и го носи во свите редови. По четири години поминати во една од
најдобрите школи во Франција, Ферлан Менди во 2017 се сели во Лион во трансфер вреден 5
милиони евра.
Две години
подоцна Реал Мадрид плаќа дури десет пати повеќе односно 48+5 милиони евра за да го
направи дел од новиот „галактикос“ проект.