385
Aнтоан Гризман најави дека за две недели ќе соопшти кој е неговиот следен клуб. Тој долго време се поврзува со Барселона, но во последно време се шпекулира дека ќе заврши во ПСЖ и „светците“ ќе го украдат напаѓачот.
Самиот играч ги подгреа ваквите шпекулации со изјавата дека можеби нема да остане во Шпанија, но очигледно неговата иднина е на Камп Ноу, ова вечерва го откри генералниот извршен директор на Атлетико Мадрид.
„Јасно ми е каде ќе игра Гризман, го знам тоа уште од март. Барселона е неговата следна дестинација“ – вели Мигел Анхел Гил Марин за Торос, канал на Мовистар.