Погба често трипи критики поради неговиот имиџ надвор од теренот, тој веќе се навикнал на тоа. Вели дека од мал е ист и таков ќе остане без разлика што зборуваат луѓето.
„Отсекогаш играм така. Мојот говор на тело е секогаш ист. Освојувам трофеи така, го освоив Светското првенство така. Говорот на телото, фризурата, сите тие работи за кои зборуваат луѓето“, вели Пол Погба.
„Од дете секогаш играм така и не било проблем. Никогаш не е проблем кога победуваме. Секогаш е проблем кога нема да победиме или кога ќе загубиме или кога ќе имаме лош перформанс“.
„Формата ќе биде променлива. Понекогаш сте подобри отколку претходниот ден. Се обидуваме да бидеме константни и секогаш на врвот. Но никогаш не сум видел фудбалер кој секогаш е на највисоко ниво. Понекогаш паѓате“.
„Ова ми е секојдневие. Ми стана нормално. Не ме промени. Јас сум Погба кој бев како дете, само што сега сум повозрасен. Станав повисок! Истата личност сум само го следам мојот сон. Луѓето кои ме знаат ќе го кажат истото, јас сум тој што сум и не сакам да се менувам“.
„Луѓе ме сакаат поради тоа, и има луѓе кои ме мразат поради тоа, но јас ќе завршам таков каков што сум“.
Во 2018 година Погба беше критикуван дека ја офарбал косата со сина боја пред дербито на Манчестер. Но тој на Сити му даде два гола и беше играч на мечот во кој Јунајтед дојде до победата со голем пресврт.
„Сината боја беше за националниот тим, а потоа игравме против Сити една недела подоцна. Сакам да знам што мислат луѓето. Кога имав таква коса и играв против Сити, сакав да победи Сити?“.
„Но погодете што, постигнав два гола и бев навистина среќен дека Сити не победи против нас. Луѓето ќе научат, тие си имаат свои суд и ние треба да го прифатиме тоа“.