Со денови се
пишува дека Реал Мадрид и Лион си подале рака за трансфер на 24 годишниот
Ферлан Менди. Кога во прв момент се појавија ваквите стории, беше објавено дека
трансферот ќе изнесува 55 милиони евра. АС денеска пренесе дека зделката
всушност е 48 милиони евра плус бонуси.
Се очекува
во скоро време да пристигне потврда, но Дидје Дешам попладнево се излета и го соопшти трансферот пред Реал и Лион .
„Ферлан имаше
спектакуларен прогрес, пред две години играше во втора лига а сега ќе го облече
дресот на Реал“ – истакна селекторот на Франција.
„Знае да игра со
двете нозе, секогаш кога ќе добиел шанса во националниот тим, прикажувал добри
игри“.
Според АС, Менди
во среда треба да има втори, дополнителни лекарски прегледи откако лекарите на
Реал пројавиле одредена загриженост за повредата на колкот која ја имал младиот Французин.
Доколку тој ги помине новите тестови, веднаш ќе пристигне соопштение за неговиот трансфер.