119
Францускиот играч минатиот месец објави дека во летниот преоден рок си заминува од Атлетико Мадрид, тој силно се поврзува со Барселона, но голем интерес има и од ПСЖ.
Според „Ла Парисиен“, Гризман е многу поблиску до Барселона отколку до ПСЖ и само една причина може да го одведе во францускиот клуб.
Доколку Барса добие можност да го ангажира Нејмар, ќе се откаже од намерата да потпише со Гризман и само во тој случај офанзивниот фудбалер би преминал во ПСЖ а не во каталонскиот клуб.
Иднината на Грзиман ќе се решава од наредниот месец бидејќи од 1 јули неговата откупна клаузула од 200 ќе падне на 120 милиони фунти.