Во последно време кога се пишува за Нејмар тоа претежно се скандали надвор од теренот, а не за некои негови импресивни партии во дресот на ПСЖ или Бразил.
Кавги со соиграчите и тренерите, постојани повреди, и случајот за силување на бразилскиот модел ја симнуваат вредноста на Нејмар на пазарот.
„МастерКард“ го раскина спонзорскиот договор со Нејмар, а „Најк“ и „Ред Бул“ ја разгледуваат ситуацијата и се блиску до слична одлука.
ПСЖ е загрижен поради ситуацијата со Нејмар бидејќи тој е најскапиот фудбалер во историјата, за негов трансфер од Барселона платија 222 милиони евра пред две години, но ефект нема.
Според „Л’Екип“, Нејмар одиграл само 51,8% од натпреварите за ПСЖ откако потпиша за францускиот клуб, како за споредба во тој период Меси одиграл 87% од натпреварите, а Роналдо 77%,
Приватниот живот и проблемите со повреди ја намалија цената на Нејмар, според „Трансфермаркт“, неговата максимална цена во моментов е 180 милиони евра, а можеби и помалку.
ПСЖ не го извади максимумот од Нејмар, а може да го загуби и за помала сума отколку што го плати доколку одлучи да се ослободи од него.