81
Лигата на нации го доби првиот шампион, тоа е селекцијата на Португалија која во денешното финале на стадионот Драгао во Порто ја победи Холандија со 1-0.
Португалија имаше доминација во првото полувреме во кое создаде неколку шанси за гол, но Холандија го одбрани налетите и на полувремето се замина без голови.
По 15 минути игра во првиот дел се случи клучниот момент на мечот, Бернардо Силва асистираше до Гуедеш кој постигна гол за водство од 1-0 и победа на Португалија.
Ова за Кристијано Роналдо е втор трофеј со репрезентација откако претходно триумфираше на Европското првенство.
Англија го освои третото место во Лигата на нации откако претходно ја победи Швајцарија на пенали.