131
Англија и Швајцарија денеска водеа битка за бронзата во Лигата на нации, англичаните беа подобри, но дури по изведувањето на пенали дојдоа до победата.
Во текот на 120 минути, Англија дури четири пати ја погоди рамката од голот на Швајцарија која не создаде посериозни прилики за водство.
Пеналите го решаваа победникот, а по пет шута и двете селекции имаа максимален учинок. Во шестата серија Дрниќ не реализираше, а Дајер даде гол за победа на Англија.
Вечерва во финалето играат Португалија и Холандија.