Средниот син на
Лео Меси е голем палавко. Фудбалерот на Барселона во разговор со ТиК Спортс
открива како малиот Матео е вистински трол и обожава да го иритира својот
постар брат Тиаго, а и самиот Лео.
„Тиаго не
пропушта меч на Барселона, но кога неговиот помал брат почна да го интересира
фудбалот настанаа проблеми дома. Матео постојано наоѓа начин да направи
расправија“ – вели напаѓачот.
„Си игравме фудбал дома и тој ми вели, „Ти си Барса, јас ќе бидам Ливерпул, зошто ве победија!“.
После истото го направи и со Валенсија. „Валенсија ве победи, а? Јас сум фан на
Валенсија“. Кога гледаат фудбал со Тиаго на ТВ, слави и се радува кога Реал
Мадрид ќе постигне гол само за да го вознемири брат му. Се однесува како да е
фан на Реал!“
#MessiEnEF: “Mateo grita los goles del Real Madrid para hacerlo calentar a Thiago” pic.twitter.com/HdA9iB9l6K
— TyC Sports (@TyCSports) June 5, 2019