Лоренцо Инсиње
стави јасно дознаење дека Маурицио Сари ќе го предаде Наполи доколку седне на
клупата на најголемиот ривал на таа екипа, Јувентус.
Инсиње
соработуваше со Сари во Наполи помеѓу 2015. и 2018. година, на два пати
освојувајќи го второто место во Серија А, но, сега работите драстично се
променети, па италијанскиот стратег изминатиов период се најавува како главен
кандидат за клупата на Јувентус.
Сигурно дека во
случај овие најави да се остварат, Сари ќе стане најомразената личност кај
навивачите на Наполи, а Инсиње беше директен во својата изјава на оваа тема.
„Овие шпекулации
ми носат големо незадоволство“ рече тој.
„Тој направи
многу за нас фудбалерите и за сите луѓе во Неапол, тој е исто и професионалец,
но доколку го одбере Јуве тоа ќе боли, тоа ќе биде предавство за сите нас
Наполитанци веднаш штом тоа стане официјално“ додаде Инсиње.