Претседателот на Аталанта има план за ЛШ: Моделот мора да биде Ајакс

by
1 минути читање

Првиот човек на
италијанскиот прволигаш Аталанта, Антонио Перкаси вели дека
моделот мора да биде Ајакс, како пример за тоа како треба клубот да
се претстави во Лигата на шампионите идната сезона.

Аталанта се
подготвува за нивното прво учество во елитното европско клупско натпреварување
откако заврши на третото место во Серија А изминатава сезона, но, јасно е дека
на тимот од Бергамо за достојно учество му се потребни квалитетни фудбалери во
составот.

Да се игра во
Лигата на шампионите, потребни ви се фудбалери кои поседуваат квалитет, но и да
бидат физички добро подготвени, моделот мора да биде Ајакс
“ вели Перкаси за „Бергамо
ТВ“.

Доколку фудбалер
како Иличиќ ни дојде како опција да го ангажираме, ние веднаш би го сториле
тоа, меѓутоа цените експлодираа на трансфер пазарот, британскиот пазар ги разби
сите фигури, фудбалот се разви премногу на тоа поле и воопшто не е лесно да се
донесе големо име
“ посочи тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани