Реал Мадрид не е
единствениот клуб кој се обидува да дојде до потписот на Пол Погба. Од Италија
пристигнува вест дека и Јувентус е подготвен да наддава за Французинот.
Новинарот Џанлука
Ди Марцио вели дека лидерите на „Старата дама“ планираат голема инвестиција во
средниот ред и работат на враќање на Пол Погба.
Тој додава дека
самиот играч е прилично отворен за идеата одново да го облече „бело-црниот“
дрес, и веќе се остварени контакти со Мино Рајола за да се дефинира платата
која ќе ја бара Пол Погба.
Сепак, во
моментов нема никакви разговори помеѓу Јувентус и Манчестер јунајтед.
„Ѓаволите“ ќе бараат многу (преку 150 милиони евра) за услугите на Пол Погба,
па шампионот на Италија најпрво сака да стокми соодветна понуда.
Фабио Паратичи
веќе прави првични пресметки и може да понуди неколку играчи за да ги намали
барањата на клубот од Олд Трафорд.
Ди Марцио не
открива имиња, но во трампа може да бидат понудени некои од имињата за кои
Манчестер јунајтед пројавуваше интерес во минатото како Пауло Дибала, Жоао
Кансело или Даглас Коста.