Германецот важи
за еден од најдобрите тренери на денешницата, но често беше прекоруван за тоа
што нема освоено ниту еден трофеј на кормилото на Ливерпул, а доби и етикета
баксуз откако загуби шест финалиња во низа.
Јирген Клоп
вечерва се радуваше на успех и на Ливерпул му го донесе пехарот од Лигата на
шампионите. Па тренерот беше прилично расположен и на духовит начин испрати
порака до хејтерите.
Тој ја запеа
позната песна „летс ток абоут секс“ но наместо зборот „секс“ употребуваше
„сикс“ што во превод значи шест.
„Скогаш се наоѓа некој кој ќе ви рече, „знаеш што, немаш победено во финале…“, па сега можам
да им кажам, „летс ток абоут сикс бејби, летс ток абоут ју енд ме…“
LET’S TALK ABOUT SIX, BABY!
@JanAageFjortoft pic.twitter.com/5vRBbnHID9
— Viasport Fotball (@ViasportFotball) June 1, 2019