И додека целиот
фокус на фудбалската јавност е насочена кон Мадрид и финалето од Лигата на
шампионите, од Андалузија пристигнаа лоши вести.
Севиља објави
дека нивниот миленик, Хосе Антонио Рејес утрово трагично починал во сообраќајна
несреќна на 35 години.
„Не можеме да соопштиме
полоши вести. Нашата сакана ѕвезда Хосе Антонио Рејес почина во сообраќајна
незгода. Почивај во мир“ – гласеше известувањето на Севиља.
Офанзивниот
фудбалер ги помина сите младински категории на Севиља, а потоа преку Б-тимот
стигна до првиот, каде дебитираше со само 16 години. Потоа направи богат
тансфер во Арсенал, од каде една сезона играше на позајмица во Реал.
Потоа четири
години беше под договор со Атлетико Мадрид, а имаше и една авантура во Бенфика.
Во 2012 одново го облече дресот на Севиља каде остана до 2016. Една сезона беше
дел и од Еспањол, па се пресели во втората лига со Кордоба. Неколку месеци
играше и во Кина, за во јануари да потпише со уште еден шпански второлигаш,
Екстремадура.
По соопштението на Севиља, клубовите ширум светот и фудбалските љубители почнаа да изразуваат сочувство на социјалните мрежи.