Рамос стави крај на сите шпекулации: Јас сум мадридиста, сакам да се пензионирам во Реал Мадрид!

by
1 минути читање

Во изминатите денови иднината на Серхио Рамос во Реал Мадрид беше една од главните теми, претседателот Флорентино Перез потврди дека капитенот побарал трансфер во Кина.

Со цел да ги прекине пишувањата и да стави крај на темата, Серхио Рамос свика прес конференција на која кажа дека ќе остане во Реал Мадрид.

„Сакам да ги расчистам работите, јас сум мадридиста, сакам да се пензионирам тука. Кога ќе заминам сакам тоа да биде на предна врата, победнички“, вели Серхио Рамос.

„Би го продолжил договорот доживотно, со претседателот имам однос како со татко, многу се сакаме, имаме посебен однос. Не сакам да си заминам, мојот сон е да се пензионирам тука, никогаш не би заминал, би играл и бесплатно тука. Кој не се скарал со својот татко? Но најдобро е кога ќе седнете лице во лице без трети луѓе, помина долго време откако сме зборувале со Флорентино за договор или пари“.

„Никогаш не сакав да одам во Кина, не сум побарал слобода. Во изминатите денови се шпекулираше многу. Синоќа имавме состанок со Флорентино и разрешивме се, се договоривме да градиме иднина заедно во Мадрид“.

„Додека ме држи снагата и нозете јас ќе го бранам овој беџ. Не ме интересира ништо друго. Никогаш не би заминал во клуб кој би можел да игра против Реал Мадрид“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×