„Ла Република“ тврди: Де Роси барал Тоти да си оди од Рома!?

by
1 минути читање

По крајот на фудбалската кариера, Тоти доби функција во Рома и остана во клубот, но на дел од фудбалерите им пречело неговото присуство.

„Ла Република“ добиле мејл од поранешниот фитнес тренер на Рома, Ед Липие кој тврди дека Де Роси, заедно со Един Џеко, Костас Манолас и Александар Коларов барале покрај тренерот Еузебио Ди Франческо и спортскиот директор Мончи, од клубот да си замине и Тоти.

На четворицата фудбалери им пречело присуството на Тоти во соблекувалната.

Римскиот весник пишува дека Липие информацијата ја добил од докторите Рикардо Дел Весково и Дамиано Стефанини кои си заминале од Рома заедно со Ди Франческо и Мончи во март.

По излегувањето на оваа информација во јавноста, веднаш со изјава се јави и претседателот на Рома, Палота кој рече дека ваквите информации се вообичаени глупости што ги пишуваат новинарите.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Де Роси бил шокиран од информацијата на „Ла Република“ и ја разгледува можноста за судска пресметка со весникот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани