1,K
Најавите за отказ
на Лучано Спалети се остварија, Интер потврди дека стратегот е разрешен од
должноста.
„Интер може да
потврди дека Лучано Спалети повеќе не е тренер на првиот тим. Клубот сака да му
се заблагодари за досегашната работа и остварените резултати“ – гласеше краткото
известување.
Стратегот има
договор до 2021, и се шпекулираше дека Интер ќе треба да исплати 25 милиони
евра за да го обесшети Лучано Спалети и неговиот тренерски персонал.
Во овој момент
договорот не е раскинат и во следните недели, Бепе Марота ќе преговара со
Лучано Спалети за висината на отпремнината.
Се очекува во
скоро време Антонио Конте да биде промовиран за нов тренер на „нероаѕурите“.