Емери објасни како поразот во финалето од Лига Европа ќе влијае врз трансфер плановите на Арсенал

by
1 минути читање

Арсенал ја загуби
битката за топ четири во Премиерлигата, но се надеваше дека со триумф во Лига
Европа ќе биде обезбеден настап во најелитното европско натпреварување.

Сепак, вечерва
Челси славеше со 4-1 и покрај тоа што „топчиите“ подобро го отворија мечот.
Поразот значи дека Арсенал следната сезона нема да игра во најелитното европско
натпреварување и во клупската каса ќе се слеат десетици милиони фунти помалку.

Со тоа драстично
ќе биде намален и трансфер буџетот како и способноста да се привлечат
најдобрите имиња.

Запрашан дали
трансфер стратегијата ќе се промени сега, Емери вели: „Веројатно, но мислам
дека сме доволно голем тим и Арсенал е доволно големо име во светот на
фудбалот. Многу играчи сакаат да играат тука“.

„Идеата на
почетокот беше да станеме поконкурентни како тим, да се доближиме до ривалите и
го сторивме тоа. Секако ова не е доволно, но следната сезона треба да
продолжиме со она што го имаме зацртано“.

„Не знам какви ќе
бидат трансферите но сигурен сум дека клубот ќе стори се што може за да се
подобриме“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани