Промоцијата на Конте во Интер одложена на неколку дена, почина братот на Спалети

by
1 минути читање

Медиумите од
Италија со месеци пишуваа дека Антонио Конте ќе го наследи Лучано Спалети на
кормилото на Интер и се очекуваше на почетокот од оваа недела да пристигне
официјална потврда.

Сепак, неговата ера
на „Џузепе Меаца“ ќе почне неколку дена подоцна од планираното откако синоќа почина
братот на Лучано Спалети. Во знак на почит кон својот стратег, „нероаѕурите“ ќе
го соопштат пристигнувањето на Антонио Конте во четврток или петок, а промоцијата
ќе се одржи следната недела.

Антонио Конте
веќе ставил потпис на тригодишен договор според кој ќе заработува 12 милиони
евра по сезона, а познат е и неговиот персонал.

Неговиот брат,
Џанлука ќе му биде прв помошник, а улогата на асистенти ќе ја извршуваат Паоло
Ваноли и Кристијан Стелини. Хулио Тус и Костантино Корати ќе бидат
специјалистите за физичка подготвеност на играчите, а нутриционистот Тиберио
Анкора ќе се грижи за исхраната.

Антонио Конте во
Интер нема да донесе само тренер на голманите, на барање на капитенот Самир Хандановиќ,
ќе остане Адриано Бонаиути.

Интер целосно ќе
го обесштети Лучано Спалети и неговиот персонал за предвремениот раскин на
договорт, и се говори дека „нероаѕурите“ ќе исплатат 25 милиони евра за оваа
цел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани