Роберто Мартинез се огласи по најавите дека е прв фаворит за наследник на Валверде на кормилото на Барса

by
1 минути читање

Медиумит од Шпанија
доцна синоќа објавија дека Барселона остварила контакт со Роберто Мартинез и го
распрашувала стратегот дали е заинтересиран за тренерското столче во случај
Ернесто Валверде да добие отказ.

Неколку имиња
кружат како потенцијални наследници на Ернесто Валверде но се верува дека
Роберто Мартинез е прв избор на управата која има високо мислење за стратегот од
Каталонија и добила позитивни извештаи за неговата работа.

Запрашан за
ваквите гласини, селекторот на „ѓаволите“ за ХЛН вели: „Не можам да кажам ДА на
никого без претходно да разговарам со Барт и Мехди (првите луѓе на Фудбалската
федерација на Белгија“

Весникот не
открива повеќе детали и само вели дека изјавата на Роберто Мартинез била
енигматична. Тој е обврзан кон репрезентацијата на Белгија до 2020 и нема клаузула со која може да си ја купи слободата.

Во меѓувреме, од
Шпанија пристигнаа информации дека и Тјери Анри би можел да се врати на Камп
Ноу како дел од стручниот штаб на Роберто Мартинез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×