Една година по бомбата на Роналдо во Киев, Перез откри детали: Кристијано бараше предизвик и пари…

by
1 минути читање

Во поголемо телевизиско интервју, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез открива детали за Кристијано Роналдо.

„Таа ноќ по финалето од Лигата на шампионите во Киев, тој беше уверен дека пред него лежат нови предизвици и јавно го кажа тоа“, вели Перез.

„Кристијано беше пример за професионалец и никогаш не правеше било каков проблем. Тој е најдобриот фудбалер кој сум го потпишал. Мојот однос со него секогаш бил перфектен и никогаш не сме имале никаков проблем за пари со него“.

Се шпекулираше дека Роналдо заминува поради проблеми со даночните власти. Перез ја открива вистинската причина поради која Португалецот се реши за промена. Кристијано сакал нов предизвик и побогат договор.

„Не беше така. Тоа се само шпекулации кои не кореспондираат со реалноста. Тој сакаше промена и подобар договор и го направи тоа со Јувентус. На крајот беше добро за сите“.

„Не бараме замена за Роналдо, тешко е да се најде, но имаме многу добри фудбалери. Бејл, Асенсио, Виничиус… мислам дека тоа не беше проблем изминатата сезона“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани