Перез за шансите за трансфер на Азар, Мбапе, Нејмар и Гризман во Реал и дали Бејл ќе замине летоска

by
2 минути читање

Претседателот на
Реал синоќа беше гостин во емисијата „Ел Трансистор“ на Онда Серо и одгвораше
на најразлични прашања. Неизбежни беа и оние за трансфер плановите на
„кралевите“ ова лето.

Флорентино Перез
не сакаше да ги открива сите карти но потврди дека сакаат да го донесат Еден
Азар и дементираше дека се прават напори за ангажман на Нејмар, Килијам Мбапе и
Антоан Гризман.

За гласините кои
велат дека Еден Азар ќе биде играч на Реал по финалето од Лига Европа, тој
вели: „Нема да го презентираме следната недела, како може да преговараме со
клуб кој во среда игра финале? Тоа би било големо непочитување“.

„Нема да негирам
дека со години се обидуваме да го ангажираме Азар, но до сега не сме успеале. Прилично сум
заинтересиран да го донесам во Реал и се надевам дека сега конечно ќе успеам.
Тој е еден од најдобрите во светот на фудбалот“.

Често се говори
дека големото засилување ова лето ќе биде еден од Нејмар и Мбапе, имиња со кои
Реал се поврзуваше и минатото лето.

„Никогаш не сум
зборувал со Зидан за Мбапе и Нејмар, не сум зборувал ниту со некој друг. Немам
разговарано со Мбапе ниту пак ќе разговарам. Минатата година моравме да кажаме
дека не ги сакаме Нејмар и Мбапе и сега ќе го повторам истото. Доколку сме
заинтересирани, најпрво ќе зборуваме со нивниот клуб“.

„Гризман? Никогаш
не ми бил понуден Гризман, ниту пак сме сакале да го купиме“.

„Се уште не сме
седнале со Зидан да разговараме и да видиме што сака, преодниот рок почнува на
1. јули. Но сигурно дека ќе донесеме засилување и ќе продадеме одредени играчи“.

Медиумите често
говорат дека Герет Бејл ќе биде големата жртва на реконструкцијата која ќе се
случи летоска.

„Не сакам да
говорам за конкретни имиња, но немаме добиено понуда за Бејл или било кој друг
фудбалер. Единствено Рамос има понуда од Кина“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани