Попладнево од
Шпанија пристигна вест дека Серхио Рамос побарал да го напушти Реал Мадрид без
обесштетување, дефанзивецот бил примамен од богата понуда од Кина.
Ваквите вести
вечерва ги потврди Флорентино Перез, кој нема намера да му ја исполни желбата
на капитенот.
„Немавме состанок
во неговиот дом, тој дојде да ме види во мојата канцеларија и ми кажа дека има
многу важна понуда од Кина. Побера да замине за без пари, рече дека не можат да
платат бидејќи трансферите во Кина биле многу комплицирани. Му објаснив дека
не може да замине на ваков начин и дека сме подготвени да преговараме со клубот од Кина. Невозможно
е да го пуштиме капитенот за без пари, тоа ќе биде опасен преседан. Тоа е
целата приказна, состанокот беше отворен и искрен“ – вели првиот човек на Реал
Мадрид.
Флорентино Перез
исто така откри дека Серхио Рамос во моментов е најплатениот фудбалер на Бернабеу.
„Најбогатиот договор во моментов го има Рамос, претходно беше Роналдо. Тој е
нашиот капитен и ја заслужува најголемата плата. Тој е топ играч, го сакам
Серхио како син“.