Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо и директорот Леонардо си заминуваат од клубот, а официјално тоа ќе биде објавено утре.
Џенаро Гатузо вечерва имал состанок со извршниот директор на Милан, Иван Газидис на кој било донесена одлука за разделба.
Гатузо направи потег каков што ретко прават тренерите во денешно време, според информациите од италијанските медиуми, тој се откажал од 90% од обесштетувањето кое можел да го добие поради предвремен раскин на договорот.
Тој имаше уште две години од актуелниот договор со Милан. Разделбата е пријателска со согласност на двете страни.
За Леонардо се пишува дека има понуди од Бразилската фудбалска федерација и од неговиот поранешен клуб, ПСЖ.
Милан сезоната ја заврши на петтото место, не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, игрите беа променливи и раководството на клубот ќе направи промени.