По неуспехот во
Лигата на шампионите и Копа дел Реј, иднината на Ернесто Валверде на Камп Ноу е
под голем прашалник. И покрај тоа што првиот човек на клубот, Жозеп Мариа
Бартомеу му даде поддршка на стратегот, медиумите шпекулираат дека може да
дојде до промена.
Денеска различни
весници пишуваа за различни имиња, како опции на „каталонците“ се Роналд Куман,
Макс Алегри, Роберто Мартинез, Унаи Емери, Тен Хаг и Лоран Блан.
Доцна вечерва
неколку извори од Кталонија пренесоа дека веќе е остварен контакт и тоа со
Роберто Мартинез. Наводно селекторот на Белгија е прв избор на Барселона и
лидерите на шампионот на Шпанија сакале да знаат дали стратегот е заинтересиран
за кормилото во случај Ернесто Валверде да добие отказ.
Но целата рабта во моментов е на стенд-бај, најпрво управата на Барса во следните денови ќе
разговара со Ернесто Валверде, ќе се прави анализа на сезоната по што ќе биде
донесена одлука дали двете страни ќе продолжат или ќе се разделат.
Изборот Роберто
Мартинез да биде наследник на Ернесто Валверде за многумина е изненадување и
шок, но вечерашните стории на медиумите велат дека стратегот, кој е роден во Каталонија, ужива
високо мислење помеѓу директорите на Барса и извештаите за неговата работа биле
многу позитивни.