Пандев ќе заплачеше по крајот: Не сум доживеал вакво нешто, мама миа, натпреваров ни скрати 5 години од животот!

by
1 минути читање

Џенова синоќа
одиграа 0-0 на гостувањето кај Фиорентина, бод кој значеше опстанок во случај
Емполи да загуби од Интер.

Но во Милано се
случуваше драма, „нероаѕурите“ поведоа на стартот од вториот дел е потоа
промашија пенал за 2-0 и решавање на дилемите. Па Емполи се врати во игра и
изедначи на 1-1. Сепак Наинголан погоди за 2-1 во 81. минута од мечот за ново
водство на домаќините.

Интер во финишот
панично се бранеше, Д’Амброзио во 89. минута спречи сигурен гол, а имаше и
среќа откако топката која ја расчисти од два метри заврши во гредата. Во 91.
минута Хандановиќ спречи шок и одбрани зицер на Емполи.

Длабоко во судиското
надополнување Брозовиќ погодои од половина терен за 3-1, и кога Интер и Џенова
почнаа да се радуваат, ВАР го поништо голот и следуваа пеколни 60-тина секунди во
кои фудбалерите и навивачите на двете екипи се тресеа.

„Имам 36 години и
никогаш не сум доживеал нешто вакво“
– рече Горан Пандев кој за малку ќе
заплачеше по крајот на натпреварот.

„Заслуживме да
останеме, победивме во директните мечеви со Емполи. Исто така сакам да му се
заблагодарам и на Интер, мораме да им честитаме, ни направија услуга на нам и
нашите фанови“.

„Џенова заслужува
да остане во Серија А. Денешниве натпревари ни скратија 5 години од животот“.

„Убеден сум дека
управата ќе направи силен тим за следната сезона. Фановите заслужуваат да бидат
среќни и спокојни. Џенова е клуб кој не смее да се спасува во последните
неколку минути од сезоната“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×