Де Роси се опрости од Рома, и Буфон стана да го поздрави детето на „волчицата“ (ФОТО и ВИДЕО)

by
1 минути читање

Даниеле Де Роси го одигра последниот натпревар во дресот на „волчицата“.
Фудбалерот од средниот ред се опрости од Рома пред полн Олимпико.

Фановите имаа подготвено специјална кореографија за капитенот, насекаде
имаше транспаренти за Италијанецот кој 18 години беше дел од клубот и забележа
616 натпревари.

Кога во 81. минута од мечот Даниеле Де Роси беше повлечен од игра, доби
стоечки овации, а дури и легендарниот Џиџи Буфон, кој беше на трибините, стана
да го поздрави својот поранешен соиграч од репрезентацијата.

По крајот на натпреварот, целиот персонал на Рома и играчите се наредија на теренот за да се поздрават со Де Роси, емоциите кулминираа па падна и по некоја солза.



Можно е и ова да ти се допаѓа

×