„Старата дама“ е во потрага на нов тренер и се верува дека сон на Андреа Ањели е Пеп Гвардиола. Шпекулациите кулминираа оваа недела кога се појавија написи дека Шпанецот си подал рака со Јувентус и на 4. јуни ќе стави потпис на четиригодишен договор.
Сепак, брзо по ваквите најави се огласија од таборот на Манчестер Сити и порачаа дека сториите се лага и она што се случува е навистина смешно.
И покрај ваквиот демант, продолжуваат шпекулациите за пристигнување на Пеп Гвардиола во Торино. Во емисијата „Калчо е меркато“ на Раи, новинарот Паоло Паганини излезе со информации со кои ќе им ја подгрее надежта на фановите.
„Со сигурност можам да кажам дека сопругата на Гвардиола беше во Тoрино пред два дена и изнајми автомобил за цела година. Информацијата доаѓа од директен извор, се работи за точна и потврдена вест“ – откри Паганини.
Во емисијата гостин беше и поранешниот спортски директор на Наполи, Аталанта и Удинезе, Пјерпаоло Марино, кој додаде: „Ова се важни детали. Колку што јас сум запознаен, компанијата во која е изнајмен автомобилoт е истата таа која изнајмува автомобили и на директори на Јувентус. Оваа коинциденција можеби и не е коинциденција“.