Се чини дека
Карим Бензема беше најсреќниот кога дозна дека Зинедин Зидан се враќа на
клупата на Реал Мадрид, францускиот фудбалски стратег често пати знаел да го
пофали својот сонародник напаѓач, а овој не крие каков е нивниот однос.
„Мојот однос со
него е многу посебен, среќен сум поради неговите зборови за мене, а нашиот
одличен однос почна од поодамна“ вели деветката на Кралскиот клуб.
„Тоа е многу
повеќе од пријателство, тој е како дел од моето семејство, но, тоа не значи
дека не треба да ме критикува, тој ми е како постар брат, ми помогна многу“
додава Французинот.
Реал Мадрид имаше
очајна сезона зад себе, меѓутоа за Бензема таа на лична основа беше одлична,
меѓутоа самиот тој признава дека сезоната била исклучително тешка.
„Можеби оваа
сезона беше најдобра за мене, се чувствував добро, меѓутоа тоа беше
исклучително тешка сезона бидејќи не освоивме ништо“ признава напаѓачот.