Интер на необичен начин ја продолжи верноста на играчот кој беше мета на половина Европа, го обврза Шкринијар до 2023

by
1 минути читање

24 годишниот Словак пристигна на Џуземе Меаца во 2017 и за кратко време се
етаблираше како столб во одбраната на Интер. Со своите одлични настапи тој го
привлече вниманието на голем број клубови како Реал Мадрид, Барселона,
Манчестер Сити, Манчестер јунајтед и ПСЖ за кои се пишуваше дека нема да штедат пари во намерата да го донесат играчот во своите редови.

Сепак, Милан Шкринијар реши да остане верен на „нероаѕурите“ и постигна
договор со Интер за продлжување на соработката до 2023. Интересно е тоа што
дефанзивецот не користеше услуги на агент и сам си пронајде заеднички јазик со
гигантот од Милано за продолжување на соработката.

„Заедно. Бидејќи заедно сме посилни. Милан Шкринијар и Интер имаат исти
цели. Затоа Интер го продолжи договорот на дефанзивецот од Словачка до 30. јуни
2023“
– глаеше известувањето на клубот од Џузепе Меаца.

Детали не беа откриени, според пишувањата на медиумите, дефанзивецот во иднина ќе има плата од 3 милиони евра по сезона, која со бонуси може да се искачи до 3,5 милиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани