Полицијата во Рим
вчера имаше полни раце работа откако ултрас навивачите на Лацио дивееја низ
улиците пред почетокот на финалето во Купот на Италија.
Тие дури требаше
да интервенираат и да спречат тепачка помеѓу фанови на Лацио и тренерот на
Болоња, Синиша Михајловиќ.
Србинот, кој е
поранешен член на „бјанкочелестите“, беше на пат кон стадионот, кога навивач му дофрли „zingaro“ (расистичка
навреда и термин кој на италијански значи циган).
Па Синиша
Михајловиќ уште еднаш демонстрираше дека има краток фитиљ и без размислување
тргна да се пресмета. Полицијата сепак брзо реагираше и не дозволи поголем
инцидент.
Coppa Italia, finale #LazioAtalanta. #mihajlovic all’esterno dello stadio reagisce agli insulti pic.twitter.com/cO646IIx29
— Rainews (@RaiNews) May 15, 2019