70
Резултатот долго време беше оној почетниот 0-0. Аталанта два пати ја погодуваше стативата од голот на Лацио, а казната за промашеното стигна на крајот.
Во 79. минута Симоне Инзаги во игра го внесе Сергеј Миликовиќ Савиќ, а тој само три минути подоцна со глава му донесе водство на Лацио.
Конечните 2-0 ги постави Кореа по една контра во 90. минута од натпреварот.