139
23 годишниот Антони Марсијал има уште една разочарувачка сезона. Тој не успеа да импресионира под водство на Жозе Мурињо, а откако на кратко блесна по промената на тренерот, за брзо време повторно почна да прикажува бледи партии.
Се говори дека Оле Гунар Солскјер не е задоволен од залагањето на Французинот на тренинзите и натпреварите па побарал играчот да биде продаден.
Сепак, Норвежанецот добил вето од сопствениците. Според пишувањата на Мирор, Антони Марсијал бил омилен играч на Џоел Глејзер (синот на Малком Глејзер), тој дури сметал дека репрезентативецот на „триколорите“ бил како Пеле па за него морало да има место во тимот.